Руското царско семејство Романови владеело со најголемата словенска држава од 17 век до 1917 година, кога болшевиците ја презеле власта во Русија. Анастасија Николаевна била најмладата ќерка на последниот руски цар. Обожавала да си игра со кукли и да се дружи со своите сестри. Ја доживеала истата судбина како и остатокот од нејзиното семејство, застрелана од Црвената армија за да се спречат Белогардејците, односно застапниците царска Русија да ја фатат во руската граѓанска војна.
Руското царско семејство
Последниот руски цар, Николај II, имал пет деца. Неговото владеење било обележано со големи немири и обиди за промена на руската држава, но сите на крајот завршиле со неуспех. Кога рускиот народ излегол на улиците поради глад и сиромаштија предизвикани од учеството на Русија во Првата светска војна, царот абдицирал. Наскоро болшевиците ја презеле власта, а Николај и неговото семејство биле во домашен притвор во градот Екатеринбург.
Николај навистина сакал син за барем малку да ги намали тензиите во земјата. Кога неговата сопруга Александра повторно забременила во 1900 година, се надевал дека барем нивното четврто дете ќе биде момче. Сепак, Александра го родила своето четврто девојче, кое го крстила Анастасија. Рускиот цар бил разочаран, а уште повеќе биле разочарани руските аристократи и политичката елита. Нејзината тетка изјавила: „Боже мој, какво разочарување, уште едно девојче! Рускиот цар би дал половина од државата за царски наследник.“
Николај и Александра сепак добиле сил, 4 години подоцна се родил Алексеј, неследникот на престолот. Но многу бргу му била утврдена наследна болест, хемофилија и бил многу нежен и болежлив и во последните години толку снеможен што татко му, царот Николај постојано го носел во раце. Во таце му бил и кога целото семејство било стрелано.

Анастасија била весела девојка која поминувала многу време со мајка си и сестрите. Таа била особено блиска со третата ќерка на руското семејство, која била најблиску до неа по возраст.

Кога започнала Руската граѓанска војна во 1917 година, царското семејство знаело дека е во неволја. Доколку антиболшевичката армија не го спасила Николај и неговото семејство, болшевиците лесно можеле да ги погубат. Бидејќи Белогсрдејците имале подобро оружје и биле поддржани од САД и други сили, било очигледно дека Екатеринбург наскоро ќе падне. Потоа Црвената армија влегла во царскиот семеен дом и го убила царот и неговото семејство.
Стотици жени тврдеа дека се руската принцеза
Сепак, телото на малата Анастасија никогаш не беше пронајдено, па почнаа да се шират гласини дека таа всушност е жива и дека е само прашање на време кога ќе се појави. Се верува дека Анастасија починала во 1918 година со своето семејство, но повеќе од 100 различни жени тврдеа дека се принцезата Анастасија.
Најпознатиот случај беше Ана Андерсон, која тврдеше дека се преправала дека е мртва и дека ја пронашол војник кој се сожалил на неа и ја спасил. Таа се борела на суд во Германија за да го докаже своето потекло од 1930-тите до 1970-тите, но германскиот суд пресуди дека таа не е руската војвотка поради недостаток на докази. Ана почина во 1984 година, а десет години подоцна беше земен примерок од ДНК и не беше пронајдена никаква корелација со руското царско семејство.
Анастасија веројатно починала во Екатеринбург, но нејзиното тело никогаш не беше пронајдено. Така заврши династијата Романови, а Русија остана без своето единствено кралско семејство. Таа го продолжи својот комунистички пат до 1991 година, кога стана Руска Федерација, на чело со претседател.
