Апсолутен рекорд на Ѓуретановиќ во Будимпешта – Момчето кое сите го плукаа дека е последен на Олимпијадата

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија постигна неверојатен успех на Светското првенство во пливање во Будимпешта, поставувајќи нов апсолутен и младински рекорд на Македонија во дисциплината 400 метри слободно. Со време од 3:53.05, тој го собори претходниот рекорд на Марко Блажевски за повеќе од 3 секунди.

Никола, кој стана познат по своето учество на 33. Летни олимписки игри во Париз, а јавноста го критикуваше дека е последен, покажа извонредна упорност и талент. Овој успех ја најавува неговата иднина како водечка фигура во европското пливање.

-Сигурно се сеќавате на плуканиците од дел на македонската јавност за нашиот олимпиец кој заврши на последното место на олимпијадата во Франција. Токму тој 17 -годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија и Младински рекорд на Македонија Совреме од 3:53.05, Никола го собори досегашниот рекорд на Марко Блажевски (3:56.32) за неверојатни 3 секунди и 27 стотинки! Овој успех го најавува како идниот поход во неговата генерација на европските базени! Се на овој свет си има свое време! Затоа сега е време да се издигнеме од вашата подпросечност споделувајќи ги своите плуканици и во истиот пост извикувајќи се бидејки добивте една голема Шлаканица и поука во животот од нашиот пливачки ас Никола Ѓуретановиќ, напишам Љупчо Јаневски, поранешниот директор на Агенцијата за поддшка на туризмот.

Најчитано