Дирекцијата за заштита и спасување спроведе постапка за унишување на две хемиски гранати во целосно контролирани услови на воениот полигон Криволак, согласно пропишаните протоколи и законски прописи.
На прес-конференција по тој повиод диреторот на ДЗС Стојанче Ангелов информираше за уништените две хемиски гранати од 75 mm, со екстремно отровен боен отров, а потоа упати апел, граѓаните да внимаваат и да пријавуваат на 112, ако пронајдат такви опасни убојни средства.

Стојанче Ангелов апелираше до граѓаните кога ќе пронајдат гранати, бомби, пушки, муниција и слични оружја од минатите војни, во природата или пак и во урбани населби, да не ги поместуваат туку веднаш да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во соработка со МВР, МО и со други служби и институции, соодветно и согласно стандардните оперативни процедури (СОП за НУС) ќе ја отстрани опасноста за граѓаните.
На прес-конференцијата, покрај Ангелов, зборуваше и пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов од Битола.
