Филипче: Да се укине акцизата за горивата, ДДВ да се намали на 5 отсто

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предложи укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто, оценувајќи дека најавените владини мерки се задоцнети и недоволни.

Филипче на прес-конференција рече дека со ваквите мерки граѓаните би добиле поголемо олеснување при купувањето гориво.

Според неговата пресметка, со мерките што ги најавува Владата, лице со просечна нето-плата би можело да купи 513 литри евродизел или 535 литри Еуросупер. Со предлогот на СДСМ, според Филипче, со истата плата би можеле да се купат 621 литар евродизел или 740 литри Еуросупер.

Тој направи споредба и за граѓаните со минимална плата. Според неговите пресметки, со владините мерки тие би можеле да купат 276 литри евродизел или 288 литри бензин, додека со предлогот на СДСМ количината би се зголемила на 334 литри евродизел или 398 литри Еуросупер.

Филипче оцени дека значително намалување на цената на горивата би можело да влијае и врз другите цени во економијата, особено врз трошоците за основните производи.

Од СДСМ сметаат дека намалувањето само на ДДВ не е доволно и бараат Владата да ја укине акцизата за горивата и данокот на додадена вредност да го намали на 5 отсто.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 124 (67%)
67 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 40 (22%)
22 %
⁠Немам став 22 (12%)
12 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 124 (67%)
67 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 40 (22%)
22 %
⁠Немам став 22 (12%)
12 %