Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче нагласи дека дека власта на ВМРО не исполни ниту едно од клучните ветувања со кои дојде на власт, а особено е загрижувачки што кај граѓаните е убиена надежта дека Македонија може да биде подобро место за живеење.
Тој посочи дека наместо напредок кон Европската Унија и подобри услови за граѓаните, денес Македонија се движи во спротивна насока, додека младите не гледаат перспектива во сопствената држава.
„Што е случи со Европскиот пат, дека регионот оди напред. Ништо. Рекоа ќе ги подобрат условите. Ќе го поништуваше Преспанскиот договор. Не знам што се друго ветуваше. Ништо од тоа нема. Ништо буквално. Ќе се грижише за граѓаните. Една мерка кажете со која што се грижи за граѓаните, една работа. Сега се живее многу по лошо отколку пред 2-3 години. Не само што се живее по лошо, најстрашното од се е што убиена им е на луѓето надежта дека тука може да биде подобро место на живење со оваа криминална група, затоа што им даваат лош пример на младите и како се владее и како се менаџира со државата.”, рече Филипче.
Во одговорот Филипче дека промената ќе дојде преку граѓаните и дека Македонија повторно ќе се врати на европскиот пат, со перспектива младите својата иднина да ја гледаат дома.
„Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и оваа работа ќе се смени. И ќе влеземе во Европа, и младите ќе ја гледат иднината тука”, рече Филипче.

