Филипче: Владата ги намали парите за младите, наместо да ги зголеми

Филипче

Владата со ребалансот на Буџетот, наместо да обезбеди поголема поддршка за младите, ги намалува средствата во програмите наменети за нив, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Во Програмата за млади, на место парите да се зголемуваат, владата ги намалува средствата за 1 милион денари. додека истовремено не се откажува од сопствениот комфорот. Тврдат дека штедат, а кратењето кај стоки и услуги, рече си симболично, едвај и 0,1%. Младите, науката, иновациите, дигитализацијата, зелените политики, исто како и поддршката на бизнисот, остануваат на маргините. Едноставно нема никаква поддршка“, обвини Филипче.

Тој потенцираше дека, додека економијата назадува, а за сметка на тоа се зголемуваат долговите, платите остануваат исти и нема значаен раст, додека луксузот на Владата останува недопрен.

„Нема сериозно кратење на непродуктивни трошоци, нема вистинска рационализација и нема реформи. А граѓаните плаќаат сè поголеми сметки, сè поскапа храна, едноставно трошоците за живот се сè поголеми. Нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување“, рече Филипче, додавајќи дека до крајот на годината ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард.

Филипче потенцираше дека економијата тоне, наместо ветена инфлација од 2,5%, граѓаните добија 4,5% инфлација, што претставува дополнителен удар врз семејните буџети.

„Ребалансот не е план за развој. Ребалансот е практично признание дека оваа влада лошо ја води економијата во земјата“, истакна претседателот на СДСМ.

Најчитано