Google го потврди Рацин.мк како извор на точни и навремени вести

Google ја прошири функцијата „Preferred Sources“ и за дел од новинарските портали во Македонија, со што читателите можат сами да изберат што ќе гледаат и читаат, наместо најголемиот дел да доаѓа од медиуми од регионот на туѓ јазик, или пак непроверени и најчесто неточни извори на вести кои служат како манипулација за јавноста.

Рацин.мк отсега можете да го означите како ваш претпочитан извор и така полесно да стигнувате до нашите текстови кога пребарувате или следите дневни новости со точни информации.

Функцијата е важна затоа што му дава поголема контрола на читателот. Наместо само алгоритмот да одлучува кои медиуми ќе се појават пред вас, вие самите можете да му кажете на Google кои редакции ги следите и на кои извори сакате да им дадете предност. На овој начин се заштитувате од дезинформации, странски стајтови, но и му помагате на Гугл точно да знае дека станува збор за македонски јазик.

Кога Рацин.мк ќе го изберете како „омилен извор“, нашите содржини ќе може почесто и повидливо да се појавуваат на вашиот телефон.

За Рацин.мк ова е уште една можност директно да ја градиме врската со вас, читателите!

Во време кога социјалните мрежи се преплавени со непроверени информации, манипулативни наслови и содржини создадени без новинарска проверка, изборот на медиумите што ги следиме станува сè поважен. Наша обврска останува иста, да проверуваме повеќе извори, јасно да го одвојуваме фактот од тврдењето и да ја исправиме информацијата кога нешто не е точно.

Ако го читате Рацин.мк и сакате нашите вести почесто да ви се појавуваат на Google, изберете не како ваш извор.

Постапката е лесна, на крајот на секој текст ќе забележите копче кое ве прашува дали сакате да бидеме ваш извор. А со тоа на Гугл ќе му сугерирате дека читате вести од Македонија на македонски јазик.

Или кликнете ТУКА

Ви благодариме на довербата!

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?