Ковачевски: Шест години по насилствата од 27 април во Собарнието се уште нема извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски денешната собраниска седница за пратенички прашања ја почна со изјава дека очекува на шестгодишнината на настаните од 27 април во Собранието, да добие извинување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо тоа гледа дека има наградување на лицата кои го сторија насилството.

-Јас најпрво очекував дека на денешниот ден некој ќе стане од партијата ВМРО-ДПМНЕ и конечно да се извини за најгрозоморниот чин кој што се има случено во ова Собрание кога на најкравав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Но, еве шест години по ред извинување нема, туку напротив има наградување со финансиски средства од буџетот, на оние кои го извршија тој чин, изјави Ковачевски.

Прв на листата за пратенички прашања беше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира