Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, донел одлука о која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили, соопштија од навивачката група Комити.
Тие ги повикаа сите членови да се упатат пред тренинг кампот во Хиподром и итно решавање на сите проблеми во клубот.
Маркетинг тимот на клубот и навивачите бараат елосно почитување на одлуките произлезени од договорот помеѓу здружението и новиот сопственик, како и од страна на извршниот директор Миленко Неделковски.