Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е приведена во полициска акција во Скопје поради сомнение дека барала пари за да издаде позитивен записник по извршена инспекциска контрола.
Според неофицијалните информации, инспекторката наводно ги злоупотребила службените овластувања за да прибави лична корист.
При вршењето на контролата таа, според истите информации, побарала документација која не била неопходна, а издавањето позитивен записник го условила со исплата на одреден паричен износ.
Засега не се објавени информации за висината на наводно побараното мито, ниту за субјектот во кој била извршена инспекциската контрола.
Се очекуваат официјални информации од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за храна и ветеринарство за текот на акцијата, правната квалификација на случајот и понатамошната постапка.

