Само албански на официјалниот Фејсбук: како Арбен Фетаи ја претставува Македонија во Брисел?

Фетаи

Специјалниот пратеник на Република Северна Македонија во ЕУ, во Брисел, Арбен Фетаи, во својата комуникација на социјалните мрежи, Фејсбук, го употребува само албанскиот јазик.

Тоа е видливо од неговите објави на оваа социјална мрежа каде што известува за неговите првични активности откако започна да ја остварува оваа негова должност со одлука на Владата.

На страницата на Фејсбук тој се има легитимирано како „Специјален претставник во ЕУ и поранешен вицепремиер на Република Северна Македонија“ и според тоа станува збор за официјална ФБ страница.

Понатаму тоа подразбира дека специјалниот претставник на Македонија во ЕУ, како државен избран или именуван функционер, сѐ придржува и ќе ги практикува законите на Северна Македонија, а според тие закони единствен официјален јазик во меѓународнатра комуникација е само македонскиот.

Со оглед на тоа дека тој е претставник на Македонија во странство, тоа што го објавува на социјалните мрежи треба да биде првенствено на македонски јазик, а потоа, во фуснота или продолжение на друг јазик или и на јазиците што се употребуваат во меѓународната и дипломатсаката комуникација.

Вака, со објави само на албански јазик, прво Македонците и граѓаните на другите етнички заедници не го разбираат, а и странците, кои за среќа ја имаат како опција автоматизираното преведување на Фејсбук.

Владата го именуваше Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел, а неговото назначување во Брисел предизвика бурни реакции на политичката сцена, откако тој се „прослави“ во јавноста кога како вицепремиер со месеци не доаѓаше на работа во Владата, ги бојкотираше состаноците, додека во исто време објавуваше фотографии од неговите приватни патувања во странство.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?