СДСМ: ЕК потврди – Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствотото

СДСМ

Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата укажува дека Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта.

„Ова не е општа забелешка, ова е директна и сериозна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија“.


Комисијата предупредува, посочуваат од СДСМ, дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои политичко влијание врз постапките на судиите и обвинителите и дека независноста на правосудниот систем е сериозно загрозена.


Ова се случува во момент кога Македонија треба да ги исполнува најстрогите стандарди за владеење на правото доколку сака да продолжи кон Европската унија, констатираат од СДСМ.


„Она што Европската комисија го забележува како системски проблем е токму резултат на политиката која ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО“.


Наместо независно судство и обвинителство, се истакнува во соопштението, граѓаните добиваат политичка контрола врз институциите, селективна правда и заштита на криминалот на власта.


Европската комисија јасно порачува дека без вистинска независност на правосудството нема напредок кон ЕУ. Мицкоски и ВМРО, наместо да ги спроведуваат реформите, продолжуваат со истата практика на притисок и контрола која ја имаа и во минатото, оценува СДСМ.

„Граѓаните на Македонија не смеат да дозволат правдата да биде во рацете на оние кои ја штитат криминалната мрежа“.


Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа, се апелира во соопштението на СДСМ

Најчитано