Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Лажни анкети нема да го покријат срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби, се истакнува во соопштението на СДСМ денеска.

Во него уште се вели: Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка. 

На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.

Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен