СДСМ: Дали му верувате на Мицкоски дека денеска Гостивар ќе има чиста техничка вода?

СДСМ

СДСМ обвини дека институциите задоцниле со реакцијата на здравствената криза во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за „системски колапс“, а не за технички пропуст.

Во партиското соопштение, СДСМ наведува дека досега над 4.070 граѓани побарале медицинска помош поради симптоми поврзани со загадената вода за пиење. Според партијата, вчера биле регистрирани уште 125 прегледи, а едно дете било хоспитализирано.

Од СДСМ тврдат дека водата била загадена со фекалии и дека институциите не ја информирале јавноста навреме. Според нив, првите симптоми кај граѓаните се појавиле на 14 јули, додека епидемија била прогласена на 19 јули.

Партијата наведува дека министерот за здравство Сашо Клековски потврдил отстапувања во анализираните примероци, но оценува дека предупредувањето до граѓаните дошло предоцна.

Во соопштението, СДСМ реагира и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека од денеска во Гостивар ќе има техничка вода, поставувајќи го прашањето дали граѓаните можат да имаат доверба во ваквата најава по, како што наведуваат, задоцнетата реакција на институциите.

Најчитано