Семејното насилство не запира, повеќе случаи пријавени за помалку од 24 часа

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во Скопје и Ранковце за помалку од 24 часа, покажуваат информациите од полицискиот билтен. Во пријавите има физички напади меѓу сопружници, закани од поранешен партнер, како и напад меѓу мајка и ќерка.

Во Ранковце, полициски службеници ноќеска во 2:30 часот привеле 41-годишен маж од село во општината, откако физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Скопје, 43-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен партнер, 60-годишен маж, упатувал закани кон неа и нејзиното семејство. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, 26-годишна жена пријавила дека два дена претходно во дом на подрачјето на Бит Пазар била нападната со тврд предмет од нејзината 56-годишна мајка. И за овој случај се преземаат мерки.

На подрачјето на Кисела Вода, 41-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата 42-годишна сопруга.

Неколку часа подоцна, 44-годишна жена пријавила дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот 61-годишен сопруг.

Полицијата информира дека во сите пријавени случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 124 (67%)
67 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 40 (22%)
22 %
⁠Немам став 22 (12%)
12 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 124 (67%)
67 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 40 (22%)
22 %
⁠Немам став 22 (12%)
12 %