Слободен печат открива: Условно осуден функционер предложен за заменик-министер за добро владеење

владеење
Фотографија од Фејсбук, преземена од Слободен печат

„Слободен печат“ открива дека за заменик-министер задолжен за добро владеење е предложено лице кое претходно било условно осудено, што отвори прашања за критериумите при изборот на функционери во Владата.

Без да биде споменат со име и презиме, како што пишува „Слободен пачат“, но со јавни податоци кои упатуваат на него,  Димитар Димовски, човек од доверба на премиерот Христијан Мицкоски, но и првостепено условно осуден за злоупотреба на службената положба, ќе биде одговорен за ресорот добро владеење.

Според информациите на медиумот, станува збор за човек кој важи за близок до премиерот Христијан Мицкоски, а неговото именување следува во рамки на реконструкцијата на Владата. Фактот дека токму ресорот задолжен за добро владеење треба да го покрива функционер со условна судска пресуда предизвика реакции во јавноста и отвори дилеми за кредибилитетот на владините политики во областа на владеењето на правото.

Ресорот за добро владеење има задача да ги координира политиките за транспарентност, отчетност, борба против корупцијата и унапредување на интегритетот на институциите, поради што изборот на кадар за оваа позиција има особено значење.

Досега нема официјална реакција од Владата на наводите објавени од „Слободен печат“, ниту појаснување дали условната осуда била земена предвид при предлагањето на кандидатот.

Најчитано