Во Гостивар е прогласена епидемија

Гостивар

Центарот за јавно здравје – Тетово, во соработка со Одделението за епидемиологија нформираше дека е донесена одлука за прогласување на епидемија на гастроинтестинално заболување на територијата на Општина Гостивар, како резултат на зголемениот број на пријавени случаи во изминатите денови.

Оваа одлука, велат од ЦЈЗТ ќе овозможи побрза и поефикасна реакција на терен, подобра координација меѓу надлежните институции и преземање на неопходните мерки за идентификација на изворот на инфекцијата, спречување на понатамошното ширење и заштита на здравјето на граѓаните.

ЦЈЗР апелира граѓаните да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да одржуваат високо ниво на лична хигиена, да користат само безбедна вода за пиење и при појава на симптоми како дијареа, повраќање, температура или болки во стомакот, навремено да се обратат во најблиската здравствена установа.

Се замолуваатѕ сите пациенти кои имаат симптоми да соработуваат со здравствените екипи, да ги почитуваат понатамошните медицински препораки, да ја пополнат епидемиолошката анкета и да ги направат анализите препорачани од страна на лекарите специјалисти. Оваа соработка е од особено значење за побрзо утврдување на причинителот и поефикасно решавање на состојбата.

Центарот за јавно здравје – Тетово ќе продолжи со континуирано следење на состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови случувања.

Најчитано