Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, обајви на социјалните мрежи дека имал телефонски разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
„Во еден значаен разговор со @gordana_siljanovska_davkova беше потврдено дека постои волја меѓу нашите земји да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи“, пишува Вучиќ на Инстаграм.
Тој информира дека „размениле мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилна поврзаност во области од заеднички интерес“.
„Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста и зајакнување на соработката со Северна Македонија, убедена дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, се вели во објавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова засега нема информација за телефонскиот разговор со српскиот претседател.
