Колеги, фанови и граѓани од различни генерации се собраа на платото пред СРЦ Борис Трајковски за да се збогуваат со Владо Јаневски, легендата на македонската популарна музика кој почина на 65-годишна возраст по кратко боледување.
Неговото заминување предизвика бран на емоции и организирање на комеморативни настани, со што се оддава почит на неговиот огромен придонес во македонската музичка култура и неговото трајно наследство.

Продукциските куќи „Авалон“ и „Прагма“ ја презедоа улогата на координатори на активностите за ова последно збогување.
Сите имаме некоја лична химна од песните на Владо Јаневски, а насобраните во еден глас ја пееја „Некогаш и негде…“, а повеќе од неговите колеги искажаа пригодни зборови од нивните дружбии соработка.

Изборот на локацијата е симболичен, бидејќи токму таму, на 14 февруари 2026 година, Владо Јаневски го одржа својот последен голем концерт заедно со Момчило Бајагиќ – Бајага.

