Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако членовите во Судскиот совет бидат сменети по теркот на Мицкоски, тогаш на ред можат да дојдат уставните судии итн…

Се очекува интерепелациите за членовите на Судскиот совет да се најдат на седница најдоцна до 10 март. Од Собранието потврдуваат дека вчера пристигнале одговорите од членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа. Тие го информирале собранискиот спикер Африм Гаши, дека не  чуствуваат професионална ниту морална одговорност и затоа нема да си поднесат оставки. Додаваат дека интерпелациите, за нив се дискриминаторски бидејќи биле поднесени само за неколкумина од Судскиот соврт и биле мешање на законодавната во судската власт.

Неодамна професорот од Правниот факултет во Скопје, Денис Прешова, за дел од медиумите рече дека разрешувањето на начин како што го најавува премиерот, Христијан Мицкоски е неуставно, бидејќи членовите на Судскиот совет имаат гаранции за независност многу слични на оние кои ги имаат судиите, додека Судскиот совет има уставно загарантирана институционална независност.

„Ако ова разрешување на петте члена на Судскиот совет помине, тогаш ќе се постави исклучително лош преседан, кој е само прашање на време кога ќе се примени и на самите уставни судии, бидејќи другите „независни“ тела веќе ќе бидат комплетно исчистени и заробувањето само ќе го промени изворот, од едно парламентарно мнозинство во друго“, рече Прешова.

Собранието не може да ги разреши членовите на Судскиот совет, но Мицкоски се надева дека интерепелациите ќе бидат силна порака дека не уживаат доверба и дека доброволно ќе си поднесат оставки.

Судскиот совет брои 15 члена. Од нив петмина ги избира Собранието, но двајца од тие се по предлог на шефот на државата. Осуммина ги бираат судиите од своите редови со гласање. Претседателот на Врховниот суд и министерот за правда се членови по функција, но немаат право на глас.

Зачлени се на нашиот е-билтен