Кошта и Фон дер Лајен му го честитаа изборот на новиот папа 

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со заедничка изјава упатија честитка за изборот на новиот поглавар на Католичката црква, папата Лео Четиринаесетти. 

-„Уверени сме дека папата Лео Четиринаесетти ќе го искористи својот глас на глобалната сцена за да ги промовира овие споделени вредности и да го охрабри единството во стремежот кон поправеден и посочувствителен свет“, се наведува во честитката. 

Во неа, Кошта и Фон дер Лајен посочуваат дека милиони Европејци секојдневно црпат инспирација од трајната посветеност на Црквата кон мирот, човечкото достоинство и разбирањето меѓу народите. 

„Европската Унија е подготвена тесно да соработува со Светата Столица за да се соочи со глобалните предизвици и да го негува духот на солидарност, почит и љубезност. Сакаме понтификатот на папата Лав Четиринаесетти да биде воден од мудрост и сила, додека тој ја води католичката заедница и го инспирира светот преку својата посветеност на мирот и дијалогот“, се додава во честитката на Кошта и Фон дер Лајен за изборот на новиот папа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен