Македонската фудбалска репрезентација вечерва со 1:0 ја победи Летонија на Арената Тодор Проески во Скопје со што и теоретски го завери првото место во групата 4 од лигата Ц од Лигата на нации.
Со оваа победа, Македонија стигна до 13 поени во групата, со единствен нерешен резултат во првото коло на гостувањето кај Фарските Острови.
Македонија беше далеку подобар противник на вечерашниот натпревар со преку 63 отсто посед на топка и 18 шутеви кон противничкиот гол, од кои четири беа во рамките.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Никола Серафимов во 57 минута.
Ова беше исто така и четврт натпревар по ред без примен гол за Столе Димитриевски и Македонија, како и за прв пат во историјата на македонската репрезентација да врзе четири победи со ред.
Со победа во групата, Македонија го потврди пласманот во Лигата Б од Лигата на нации, со што во следниот циклус ќе се натпреварува со подобро рангирани селекции.
Во последното коло од ова групата во Лигата на нации, Македонија во недела ќе ја пречека селекцијата на Фарските Острови во Скопје.