Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Погребот на Жан-Мари Ле Пен ќе се одржи во неговиот роден град

Жан-Мари Ле Пен, поранешен лидер на француската екстремна десница, кој го водеше Националниот фронт четириесет години, почина на 96 години. Како лидер на партијата беше заменет со неговата ќерка Марин. Тој беше  финалист во претседателската трка во 2002 година, кога влезе во вториот круг со Жак Ширак. 

Марин Ле Пен го претвори поранешниот Национален фронт, сега наречен Национален собир, во една од главните политички сили во земјата. 

Жан-Мари Ле Пен изрази желба да биде погребан во семејната гробница во Ла Тринит-сур-Мер во Бретања. И покрај собирите во вторникот вечерта во неколку француски градови на кои се славеше смртта на поранешниот лидер на екстремната десница, Алиот верува дека нема да дојде да протести на погребот. „Ако го сторат тоа, замислувам дека државата ќе ги задржи подалеку“, рече Алиот. Марин Ле Пен, за смртта на нејзиниот татко дознала за време на нејзиниот престој во Најроби, каде што застанала на враќање од посетата на францускиот остров Мајот, во Индискиот Океан, кој на 14 декември го опустоши циклонот Чидо. 

Министерот за внатрешни работи, Бруно Ретаљо, ги нападна оние кои ја прославија смртта на нивниот политички противник на социјалната мреќа X. 

„Смртта на човек, без разлика дали е политички противник, не треба да предизвикува ништо друго освен воздржаност и достоинство. Сцените на славење се едноставно срамни“, рече министерот. 

Луис Алиот ги осуди „секогаш истите немири на левичарските толпи на улиците“. Матилда Пано, од крајната левица, во средата го бранеше „духот на Шарли Ебдо“, тврдејќи дека Ле Пен е „непријател на Републиката“.

Зачлени се на нашиот е-билтен