Иницијативата за опстанок на српските фармери најави дека со готвење гулаш ќе им ја изрази поддршката за студентите и учениците во блокадата, но се откажаа откако полицијата, односно Безбедносно информативната агенција (БИА), ги предупредила дека ќе им бидат одземени тракторите.
Како што објаснува за српски „Данас“ Милан Богуновиќ од споменатата Иницијатива, доаѓањето на трактори требало да биде форма на перформанс, бидејќи тоа е механизацијата по која се препознаваат земјоделците. Тој додава дека не планирале да го блокираат сообраќајот, туку само да ги возат до кампусот.
„Се јавија да кажат дека ќе ни ги одземат тракторите. Немавме намера да блокираме, туку да се појавиме во пет до 10 трактори и да ја визуелизираме нашата поддршка“, објаснил Богуновиќ.
Сепак, подвлекува Богуновиќ, не е сигурен дали земјоделците ќе постапат во согласност со предупредувањето на БИА.
„Сè уште не го знам тоа, не би било прв пат да ни го направат тоа“, заклучува овој фармер.
Потсетуваме, земјоделците претходно најавија дека акаат да им подготват чорба на Универзитетот во Нови Сад, како форма на поддршка за студентите во блокадата.