Само неколку недели откако замина и последниот авион-танкер од аеродромот во Софија, Бугарија, САД побарале дозвола неколку нивни авиони повторно да се стационираат во бугарските воздухопловни пристаништа
„Денес, со одлука на Советот на министри, ќе му предложиме на Народното собрание да дозволи присуство на американски авиони-танкери на аеродромот Безмер“, изјави премиерот Румен Радев, пренесоа бугарските медиуми
Премиерот објави дека САД побарале распоредување до 8 воени авиони на аеродромот Безмер со нота од петок, 17 јули, во врска со американските операции во регионот на Блискиот Исток.
Одлуката мора да ја донесе парламентот, рече и Радев, истакнувајќи дека аеродромот Безмер е објект за заедничка употреба.
„Целосно сум свесен за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи премиерот за време на годишната конференција на бугарските амбасадори.

Аеродромот Безмер, во истоименото село во Бугарија е авионска база на бугарските воени воздухопловни сили.
