Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Има ли сила косовската опизиција да се обедини против Курти на изборите в недела?

Граѓаните на Косово излегуваат на избори во недела, на 9 февруари. Опозицијата во Косово тврди дека „времето на Курти истече“ поради лошите економски и политички одлуки, но истражувањата покажуваат дека резултатите нема значително да го променат политичкиот пејзаж.

Аналитичарите објаснуваат за Косово онлајн дека на опозицијата во моментов и недостига лидер и кохерентна политика за да го оспори лидерот на Движењето Самоопределување (Ветевендосје). Тие додаваат дека конфронтациите на Курти со Западот може да бидат убедлив аргумент за гласачите, што потенцијално ќе доведе до изненадувања на изборите.

Анализите исто така покажуваат дека изборите нема да бидат „лесно возење“ за премиерот Албин Курти дури и ако неговата партија победи. Враќањето на Доналд Трамп, велат познавачите, може да доведе до поголем притисокот на САД врз Косово да ги „испорача“ договорите со Србија..

Додека Косово се подготвува за парламентарните избори на 9 февруари, Албин Курти влегува во последните два месеци од четиригодишниот мандат како премиер, убеден дека може да освои трет целосен мандат – но опозицијата го обвинува дека тој ја „засладува“ ситуацијата во земјата.

„Овие избори ќе се разликуваат од претходните. Трката е конкурентна затоа што сите три најголеми партии се стремат кон влада“, изјави за БИРН, Виолета Хаџоли, истражувач во приштинскиот тинк-тенк Демократски институт на Косово, мислејќи на владејачката партија Ветевендосје на Курти и опозициската Демократска партија на Косово, ПДК и Демократска лига на Косово, ЛДК.

„Тоа ќе биде и порамноправна трка затоа што сега сите три партии имаат одредена позадина [на власт] бидејќи сите ја водеа владата во различни времиња“, додаде таа.

Освен Движењето Самоопределување на Албин Курти, главни претенденти за пратенички места и формирање на новата влада се Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Зачлени се на нашиот е-билтен