„Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат“, под овој наслов МИА пренесува делови од настапот на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на „Економист“ во Атина, Грција.
Мецола се обрати како почесен говорник на гала-вечерата на 30. Government Roundtable на The Economist во Атина на 9 јули, заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Темата на форумот беше „Progress in an age of upheaval: Geopolitics – Growth – Technology“, каде проширувањето на ЕУ беше една од клучните геополитички теми.
Во нејзината објава на социјалните мрежи, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, напиша дека била воодушевена да биде на сцената со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, на 30-тата годишна тркалезна маса на Владата на „Економист“ во Атина.
„Мојата порака вечерва беше дека Европа мора да остане непоколеблива сила за стабилност и напредок.Тоа значи водење со доверба и високо развеано европско знаме“, порачува Мецола.
