[Видео] МВР на Србија го уапси мажот што му се закануваше со нож на Вучиќ

Вучиќ

Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео од апсењето на С. С. (55) од областа Крагуевац, кој е осомничен дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил смртни закани до српскиот претседател Александар Вучиќ и главниот уредник на весникот „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ.

За потсетување, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, Службата за борба против високотехнолошкиот криминал, во соработка со Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград и Полициската управа во Крагуевац, го уапсија С. С. (1971) од областа Крагуевац под сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста.

Како што е објавено, тој е осомничен дека објавил видео од својот Фејсбук профил на кое, додека покажува нож, упатува директни смртни закани до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и главниот уредник и одговорен уредник на весникот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Најчитано