Нова трагедија во Србија: Едно лице загина во пожар на локомотива

Пожар кој денеска избувнал на железничката станица во Раковица, близу Белград, одзеде еден живот, соопштуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, запалила локомотива што пренесувала деривати. Некои извори наведуваат дека во моментот на пожарот околу локомотивата се наоѓале повеќе лица. Телото на загинатиот е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта.

Ова е уште една трагедија на железничките станици во Србија. На 1 ноември, настрешница на станицата во Нови Сад се урна, при што загинаа 14 лица, а денеска на повредите подлегна уште една девојка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?