Официјално: Во Белград имало меѓу 180.000 и 190.000 граѓани

Белград

Архивата на јавни собири објави дека, според нивната проценка, на протестот „Ти и јас, Славија“ што се одржа вчера во Белград се собрале помеѓу 180.000 и 190.000 граѓани.

Проценката на Архивата на јавни собири се базира на измерената површина на собирот од 107.000 квадратни метри и просечен коефициент на густина од околу 1,7 луѓе на квадратен метар, објавија на социјалните мрежи.

Втор најголем протест во Србија од падот на Милошевиќ, рекоа тие.

Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ вчера ја презентираше полициската проценка за бројот на луѓе на митингот организиран од Студентите во Блокада.

„Во врска со бројот на луѓе на овој јавен собир, се проценува дека се присутни околу 34.300 граѓани. Собирот трае од утрово, граѓаните започнаа од голем број места, проценката што ја даваме е прецизна, има и големо флуктуирање на граѓаните“, рече директорот на полицијата Драган Васиљевиќ.

Од друга страна, Архивата на јавни собири објави на социјалната мрежа X, од каде што напишаа дека проценката на масата од над 100 илјади луѓе е тешка и дека во текот на вчерашниот ден нема да објавуваат проценки за бројот.

Најчитано