Падна проевропската влада на Романија

Романија

Владата на премиерот на Романија Илија Боложан падна денес откако парламентот изгласа недоверба. Предлогот за недоверба, поднесен од опозициските партии ПСД, АУР и ПАЦЕ – Прва Романија, беше усвоен со 281 глас „за“, четири „против“ и три поништени гласа. За да падне владата беа потребни најмалку 233 гласа.

Ова е најголемиот број гласови „за“ предлог за недоверба во историјата на романскиот парламент по 1989 година.

Владата останува во технички мандат со ограничени овластувања во следните 45 дена, сè додека не се формира нова извршна власт.

Предлогот за недоверба беше насловен „СТОП на „Планот Боложан“ за уништување на економијата, осиромашување на населението и измамничка продажба на државен имот“. Партиите ПСД и АУР претходно најавија соработка со цел да се собори малцинската влада предводена од либералот Боложан.

Претседателот на ПСД, Сорин Гриндеану, изјави дека ова е почеток на нова фаза и дека партијата е подготвена за преговори за формирање ново мнозинство. PNL и USR ги обвинуваат PSD и AUR за дестабилизација на земјата.

Ова е седми пат по падот на комунизмот романска влада да не успее во гласањето за недоверба. Понатамошниот развој на ситуацијата зависи од консултациите со претседателот и преговорите меѓу политичките партии.

Зачлени се на нашиот е-билтен