Руски дрон удри на станбена зграда во Романија, членка на НАТО, во град во близина на украинската граница, при што беа повредени две лица, соопшти романското Министерство за одбрана. Инцидентот се случил ноќта помеѓу 28 и 29 мај, за време на обновените напади со руски беспилотни летала врз цивили и инфраструктура во Украина.
„Едно од овие беспилотни летала влегол во романскиот воздушен простор, бил следен со радар до јужниот дел од градот Галац и паднал на покривот на станбена зграда, предизвикувајќи пожар“, се вели во соопштението на министерството. Службите за итни случаи соопштија дека двајцата повредени со гребнатини добиле медицинска помош и пожарот бил изгаснат.
Иако повреди на романскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала се откриени десетици пати од почетокот на руската офанзива против Украина во 2022 година, најновиот инцидент е првиот во кој беспилотно летало удрило во станбена зграда.
Два борбени авиони Ф-16 беа полетаа откако беспилотните летала беа откриени во романскиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана.
Во соседна Украина, ноќта на инцидентот беше прогласена национална воздушна тревога во очекување на руски напади – таа беше укината наутро.
