Бугарскиот премиер Димитар Главчев одржа состанок со министерот за внатрешни работи Атанас Илков, министерката за регионален развој Виолета Коритарова, министерката за транспорт Красимира Стојанова, директорот на Царинската агенција Георги Димов и регионалниот гувернер на Русе, Драгомир Драганов.
Причина за итната средба беа сигналите за застој на Дунав мост, кој ја поврзува Бугарија со Романија. Главчев издаде наредба за итни мерки за реорганизација на сообраќајот, со цел да се спречат натамошни проблеми на граничниот премин и да се осигури стриктна примена на правилата од Шенген.
Според бугарските медиуми, уште од првиот ден од 2025 година, возачите се соочуваат со компликации на границата. Тие мораат да земат број од приватен паркинг за да преминат, иако на самиот мост нема редици. Дополнително, за добивање регистарски таблички се плаќа такса, која варира зависно од тоа дали возилата се бугарски или странски.
Овие проблеми предизвикуваат застој на граничниот премин, кој требаше непречено да функционира од почетокот на годината, со оглед на тоа што Бугарија и Романија сега се дел од копнениот Шенген.
Премиерот Главчев нагласи дека итно ќе се воведат нови мерки за надминување на ситуацијата и подобрување на сообраќајниот проток на Дунав мост.