Силен земјотрес утрово во Албанија, на тромеѓето со Македонија и Грција

земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 5:40 часот во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот институт на Србија.

Според Европскиот сеизмолошки за медитеранот, земјотресот го регистрирале и Институтот за геологија во Тирана, како и Сезимолошката лабораторија на универзитетот Аристотел во Солун и Националната опсерваторија за геодинамика во Атина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Националниот парк Преспа, а според првичните информации, немало пријави за повредени или материјална штета по земјотресот.

Според EMSC, земјотресот бил почувствуван во Северна Македонија, Грција и Србија, покрај во Албанија.

Беше навистина силен, нè разбуди

„Беше навистина силен“, напишал еден човек од Приштина. „Некаде во шумата, помеѓу преспанската и корчанската област, нè разбуди од сон“, „Спиевме. Многу нè потресе“, „Се чувствуваше силно и траеше доста долго… ужас на осмиот кат“, „Се чувствуваше навистина силно и траеше доста долго… Беше морничаво на осмиот кат“, „Каков земјотрес е ова, во ова време од денот“, се само дел од коментарите од луѓето на веб-страницата на EMSC.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?