Температурите во Грција денеска го достигнуваат врвот, до 40 степени во некои градови

Грција

Топлотниот бран ова лето во Грција денеска го достигува врвот со очекувани температурите до 40 степени Целзиусови во некои области, покажуваат временските прогнози.

Највисоки температури се очекуваат во Централна Македонија, регионот Агринио, тесалиската рамнина, Централна Грција и Пелопонез, додека островите исто така ќе бидат многу жешки.

Меѓу градовите каде што се очекуваат особено високи температури се Атина, Ламија, Солун и Триполи.

Постепено заладување се очекува од вторник, а позабележително во среда, со доаѓање на посвежи воздушни маси од северозапад. Падот на температурите нема да се случи истовремено низ целата земја, а прво ќе ги погоди северните региони на Грција.

Најчитано