Во БиХ отворена прва клиника за жртви на силување

За неколку дена во Сараево, се отвора првата специјализирана амбуланта за жртви на силување во Босна и Херцеговина. Одделот ќе функционира во рамки на Службата за гинекологија и акушерство во Општата болница „Прим. д-р Абдулах Накаш“. Наменет е исклучиво за полнолетни лица што преживеале сексуално насилство во Кантонот Сараево, со цел да се стави крај на институционалното шетање на жртвите во најтешките моменти.

Новата амбуланта воспоставува сосема нов систем на постапување: наместо преживеаните со часови да одат од една институција до друга, целата координација ќе се води од болничката соба. По пријавата на настанот, специјализираниот оддел презема сè.

Во болницата ќе доаѓаат полициски службеници од МВР на Кантонот Сараево, дежурни обвинители, форензичари и социјални работници. Приоритетот е јасен. Лицето добива целосна здравствена заштита, психосоцијална поддршка и заштитен идентитет, додека правните и истражните дејствија се одвиваат паралелно, без секундарна трауматизација.

Отворањето на амбулантата е директен резултат на првиот Протокол за постапување во случаи на силување, што Кантонот Сараево го усвои кон крајот на ноември 2025 година. Со тој документ властите за првпат правно утврдија обврска сите надлежни служби да се прилагодат кон жртвата, а не обратно.

Овој модел претставува редок пример во регионот каде што правната обврска преминува во конкретна медицинско-правна инфраструктура. Целта на амбулантата е да ги исполни барањата на Истанбулската конвенција, која предвидува лесно достапни и специјализирани центри за итна медицинска и форензичка интервенција.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?