Во Загреб е забележан необичен случај во кој една постара жена поставила базен на улица затоа што немало место во нејзиниот двор.
Базенот бил поставен две недели на улицата помеѓу паркирани автомобили, но таа морала да го испразни откако станал вирален и стигнал до полицајците.
Базенот, кој бил веднаш до оградата, и според неа бил пречка за сообраќајот но предизвикал чудење и реакции кај сите што минувале. Затоа станал вирален на социјалните мрежи.
Постарата жена која го поставила базенот е разочарана што нејзините внуци повеќе не можат да пливаат таму.
„Базенот беше таму две недели и, колку што знам, никој од соседите не се пожали. Децата пливаа во тој базен цел ден, за среќа, наскоро ќе одат на море“, изјавила таа за Индекс.
Таа се пожалила и дека добила многу негативни коментари откако базенот станал вирален на мрежите.
„Подоцна, снаата ми ги прочита коментарите, луѓето пишуваа дека ќе стават киселина внатре. Па, замислете ако моите внуци влезат во таков базен? Нека носат на душа три деца“, рече таа.
Dubrava Republika ☝️😎 pic.twitter.com/xUAuFaxqHR
— Vremenski putnik (@ZG0206HR) July 1, 2026
