Вучиќ: Нема да поднесам оставка за да станам премиер

Вучиќ
Фотографија од официјалната ФБ страна на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ изјави дека изборите ќе се одржат наскоро, отфрлајќи ги шпекулациите дека би можел да поднесе оставка за да ја преземе премиерската функција до септември и да го отвори патот за претседателски избори.

„Тоа нема да се случи“, изјави Вучиќ пред новинарите во Тбилиси, наведувајќи дека оние кои предвидуваат такво сценарио веруваат дека некој се плаши од изборите.

„Не сакам да владеам ниту еден ден ако немам легитимитет, ниту да бидам на која било позиција ако не ја заслужувам. Тие сакаат да владеат до последниот ден од нивниот мандат. Ме интересира да правам важни работи за народот, но тоа е можно само ако има поддршка од мнозинството граѓани“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека Србија наскоро ќе има избори и оцени дека тие ќе покажат што сакаат граѓаните.

„Дотогаш, сè уште имаме многу работа“, додаде Вучиќ.

Според него, единственото нешто што е важно е што велат граѓаните на Србија, „а не Европа, Америка или Русија“.

Најчитано