Филевски: Инфантино попуштил пред притисокот на Белата куќа на Балогун да му биде поништен црвениот картон

Филевски

Игор Филевски, добар познавач на светскиот фудбал, на социјалните мрежи посочува на „најголемиот скандал што се случи на релација Белата куќа и ФИФА“, како што го оценува тој, и заклучува дека „шупакот Џани Инфантино е најголемиот кретен кој придонесува фудбалот да тоне во политичко влијание, бидејќи е длабоко навлезен во анусот на Трамп“.

Филевски вели дека ја проверил информацијата од неколку извори и го наведува резимето на ова прашањето.

“Дали е вистина дека реагирале со допис од Белата Куќа, ФИФА да го преиспита црвениот картон на Балогун, од САД?”

Одговорот е:

Според достапните вести и извештаи (особено од новинарот Бен Џејкобс и talkSPORT), Белата Куќа (преку телефонски повик) се обратила директно до ФИФА и побарала од Џани Инфантино да ја преиспита ситуацијата со црвениот картон на Фоларин Балогун. Ова не е официјален „допис“ (писмено писмо), туку притисок/повик за ревизија.

Ова се клучните факти што претходат и што треба да се знаат, наведува Филевски:

Балогун доби директен црвен картон (по ВАР) во натпреварот САД – Босна и Херцеговина на СП 2026, што значеше автоматска суспензија за следниот натпревар (против Белгија).

Според правилата на ФИФА, такви одлуки на судијата немаат формален апел (освен во ретки случаи).

Сепак, ФИФА подоцна ја укина суспензијата (Балогун стана достапен за натпреварот), а Трамп јавно ја поздрави одлуката.

Марко Рубио (државен секретар) исто така коментираше дека тимот „бил оштетен“ и дека треба да има можност за жалба.

Оваа интервенција (повик) дојде по голем притисок од американските фанови и медиуми, кои повикуваа Трамп да се вклучи поради домаќинството на СП во САД и неговите врски со ФИФА. Нема потврда за формален писмен допис, туку за директен контакт/телефонски повик.

Имајќи го сето ова предвид, Филевски заклучува дека информацијата за интервенција од Белата Куќа е точна, но се работи за телефонски повик, а не за официјален допис.

ФИФА на крајот ја промени одлуката, посочува Филевски, но официјално велат дека дисциплинската комисија била независна.

Ова предизвика многу дебати за влијанието на политиката врз фудбалот, и сега и понатаму ќе правиме муабети за кловнот Инфантино, прашува на крајот Игор Филевски?

Најчитано