Голманот Јосимар Хозе Евора Дијас, на неговиот дрес има прекар што го следи низ целата негова кариера: Возиња. Англискиот превод гласи „Глас“, совршено соодветно за 40-годишниот лидер, на рептрезентацијата на Зелено’ртските острови (Кабо Верде), кој денеска ја запре „шпанската армада“.
Неверојатен резултат од борбата меѓу 65-то пласираната репрезентација на листата на ФИФА и Шпанија на второто место и еден од неколкуте најсериозни кандидати за тиитулата светски шампион на ова првенство.
Возиња едноставно беше доминантен на голот и ги одбрани сите удари што ги упати Шпанија.
Кон крајот на второто полувреме не помогна ниту Ламине Јамал, кој шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го „одмораше“ за посериозните натпревари, но тоа му се врати како бумеранг и со тажно лице мораше да го напушти стадионот Мерцедес Бенц во Атланта.
