На денешен ден е родена Ангела Доротеја Каснер, подоцна Меркел, којашто стана позната како прва германска канцеларка и најмоќна жена во Европа со години. Родена е во Хамбург во 1954 година и во текот на целиот свој живот работела во хемија и политика. Се соочила со предизвиците на глобалната економска криза и миграциската криза. Беше канцелар цели шеснаесет години, од 2005 до 2021 година.
Нејзиното семејство се преселило во Источна Германија кога била млада. Завршила училиште и се запишала на хемија, а подоцна докторирала на истиот универзитет. За време на образованието, се истакнала по математика, хемија и руски јазик, кој го зборува многу добро.
Во исто време, се вклучила во политиката и била избрана за претставник на Христијанско-демократската партија во Бундестагот на првите избори на обединета Германија во 1990 година. Својот политички имиџ почнала да го гради дури неколку години подоцна, кога ја презела функцијата министер за животна средина и станала попозната на пошироката јавност. Беше позната по тоа што уживала голема доверба од германскиот канцелар Хелмут Кол.
Ги запре нуклеарните централи
Во 1998 година, нејзината партија загуби од СПД, а таа наскоро стана лидер на ЦДУ. Тоа беше многу необична и ризична одлука бидејќи Меркел не ја претставуваше типичната германска десница. ЦДУ уживаше голема поддршка од католичкиот југ и генерално се сметаше за вистинска германска десница, а потоа кормилото на партијата го презеде центрист протестант, и тоа жена.
Од 2005 година, таа ја презеде функцијата германски канцелар. Нејзината популарност произлезе од фактот дека знаеше како да ги задоволи и десните и левите гласачи, што резултираше со најдобрата победа на нејзината партија во 2013 година. Таа го запре производството на нуклеарни централи, спроведе реформа на здравствената заштита, а на фронтот на надворешната политика, покажа дека Европската Унија носи подобрување на земјите-членки и го зголеми издавањето на средства од ЕУ. За време на нејзиниот мандат ЕУ доживеа најголемо проширување.
Таа беше особено успешна во справувањето со економската криза од 2008 година и миграциската криза од 2016 година. Во тоа време, таа објави дека ги отвора границите на Германија и ги повика другите земји-членки да го сторат истото. После тоа често ја нарекуваа „лидер на слободниот свет“. Нејзините одлуки за мигрантската криза ја намалија поддршката од десницата, но таа остана најпопуларна политичарка и победи на нови избори.
Таа ќе ја напушти политиката на крајот на 2021 година и ќе се пензионира.
