Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, смета дека вештачката интелигенција на крајот би можела да биде одговорна за „милијарда мртви“, изјави во интервју за NBC, повикувајќи на регулирање на оваа технологија.
„Вештачката интелигенција дефинитивно е доволно моќна да предизвика настани кои би довеле до милијарда мртви“, рекол Гејтс, одговарајќи на прашањето дали AI е доволно моќна да го уништи човештвото.
Американскиот милијардер предупредил и на можноста технологијата да биде злоупотребена од луѓе со лоши намери.
„Никогаш немало оружје толку моќно како комбинацијата од злонамерни луѓе и најновите алатки на вештачката интелигенција што ги користат“, изјавил тој.
На прашањето дали се потребни закони за регулирање на AI, Гејтс одговорил дека „никој не мисли дека саморегулацијата е доволна“.
Тој смета дека во дебатата треба да се вклучат и институциите за спроведување на законот и политичарите, особено околу тоа какви заштитни механизми и надзор треба да се воспостават.
Дебатата за регулирањето на вештачката интелигенција повторно се интензивираше откако водечките компании, меѓу кои OpenAI, компанијата која го создаде ChatGPT, и Anthropic, објавија дека се подготвени да го забават развојот на технологијата по серијата хакерски инциденти кои предизвикаа големо внимание во јавноста.

