Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Директорите од Google, Netflix и OpenAI организираат настан за донации за Камала Харис

Фото: Gage Skidmore/Flickr

Иако изгледаше дека големите технолошки компании ќе се обединат во поддршка за Доналд Трамп на претстојните избори во САД, последните случувања и движења покажуваат дека и Демократите и Камала Харис имаат поддржувачи помеѓу нив.

Коосновачот на LinkedIn, Реид Хофман ја поддржа Харис уште првиот ден по повлекувањето на Бајден, а Рид Хејстингс, коосновачот на Netflix, донираше седум милиони долари за нејзината кампања. Изминатава недела и голем број на инвеститори во технолошките компании се здружија и најавија дека ќе гласаат за Харис и започнаа да собираат донации.

Сега, директори од Google, Netflix и OpenAI здружени ќе организираат настан за собирање донации за Харис во Вашингтон. Настанот ќе се одржи на 27 август со високи гости од светот на технологијата. Донацијата за влез на настанот се движи од 500 до 6600 долари.

Од започнувањето на нејзината кампања, Камала Харис бележи успеси во собирањето донации и мобилизирањето на гласачите, особено помеѓу миленијалците и Ген З генерациите. Актуелната потпретседателка успеа да собере 310 милиони долари во јули и сега има околу 377 милиони долари вкупно за водење на кампањата, соопшти нејзиниот тим.

Извор: Бизнис инсајдер

Најново