Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Добродојдовте во „новото нормално“ на климатски катастрофи

Поплави во Њујорк, екстремна топлина во Аризона, потоп во Вермонт, торнадо во Делавер. Оваа недела, сите овие настани – и други како нив низ САД (и низ светот) – се случуваат одеднаш, бидејќи климатските промени поттикнуваат екстремни временски услови, што ја натера гувернерката Кети Хочул од Њујорк, демократ, да го нарече „нашето ново нормално“, пренесува Њу Јорк Тајмс.

„Тоа не е само плод на вашата имагинација и не е затоа што сите сега имаат паметен телефон“, рече Џеф Берардели, метеоролог во заливот Тампа, Флорида. „Видовме зголемување на екстремните временски услови. Ова без сомнение се случува“.

Истовремено, обилните дождови и поплавите погодија големи делови од северна Индија, при што загинаа најмалку 23 луѓе.

Во меѓувреме, моќниот Ел Нињо што се развива во Тихиот Океан се заканува да ослободи дополнителна топлина во атмосферата, поттикнувајќи уште потешки временски услови низ целиот свет оваа година.

Но, како што климатските катастрофи стануваат се повообичаени, тие може да ја изгубат својата шок вредност. Студијата од 2019 година заклучи дека луѓето ќе научат да ги прифаќаат екстремните временски услови како нормално за само две години.

Што е следно? Со оглед на тоа што емисиите се уште растат на глобално ниво, научниците предупредуваат дека преостанува уште мноу малку време за драстично да се промени курсот пред ефектите да станат навистина катастрофални.

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира