Гардијан: Трамп имал просветление на погребот на Папата, сфатил дека Путин не сака мир

EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Тоа беше соодветен момент за епифанија (просветление). Доналд Трамп седеше на утринската светлина во базиликата „Свети Петар“ згрбен во разговор со Володимир Зеленски, додека собраните кралски семејства и странски лидери, кардиналите и бискупите и илјадници верници се собраа надвор за да се подготват за папскиот погреб, пишува британски „Гардијан“.

Неговото откровение наскоро беше објавано на „Truth Social“ кога напиша: „Немаше причина Путин да испукува ракети врз цивилни области, градови и населени места во последните неколку дена“, рече Трамп во размислување. „Ме тера да помислам дека можеби [Путин] не сака да ја запре војната.“

Со месеци, Зеленски и европските лидери се мачеа да ја пренесат таа порака до Трамп. Сега, делумно благодарение на неочекуваното поклонение на Трамп во Ватикан за погребот на папата Франциск, тие можеби ќе видат нова надеж за нивната интервенција пред војната во Украина да биде засекогаш изгубена.

Сето ова, се разбира, може да заврши со ништо. Претседателот на САД е познат по својата непостојаност. Неговото размислување може да се промени следниот пат кога ќе разговара со Путин или со еден од неговите советници кој е длабоко скептичен кон Украина. Објавата на Трамп во која го спомена Путин беше главно посветена на напад врз дописникот на „Њујорк тајмс“ во Белата куќа, кого го исмејуваше како „мал“ и „многу пристрасен и неталентиран писател“. И Трамп го напушти Ватикан пред да се одржи втората средба со Зеленски.

И сепак, таа средба лице в лице со Зеленски може да остави свој белег. Фотографиите објавени од таа средба беа драматични: двајцата мажи седеа сами во едноставни столчиња пред мозаик од Исус како се крштева во реката Јордан. Кит Келог, претставникот на Трамп во Украина, се чувствуваше должен да ја цитира книгата на Матеј. „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“, напишал тој.

epa12056383 US President Donald Trump, his wife Melania and Spain’s King Felipe VI attend the funeral Mass of Pope Francis in Saint Peter’s Square in Vatican City, 26 April 2025. Pope Francis passed away on Easter Monday, 21 April 2025, at the age of 88. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

„Беше многу симболична средба“, рече Зеленски подоцна, и има „потенцијал да стане историска, ако постигнеме заеднички резултати“. Зеленски, облечен во целосно црна облека што може да се нарече погребален воен шик, доби аплаузи од толпата додека излегуваше на плоштадот „Свети Петар“.

Беше чудо што самитот воопшто се случи. Трамп и Зеленски не биле во иста просторија уште од кризата во Овалната соба кога Трамп рече дека Зеленски е „непочитувачки“ и „се коцка со Третата светска војна“. Првото патување на Трамп во странство требаше да биде посета на Саудиска Арабија во мај. И не беше јасно дали состанокот ќе му оди во прилог на Зеленски – советниците сугерираа дека треба да ги користи европските лидери како посредници бидејќи неговиот однос со Трамп беше премногу нестабилен.

И можеше да тргне многу полошо. Кога Трамп пристигна на плоштадот „Свети Петар“ во саботата наутро, имаше бројни потсетници за големиот јаз што се отвори меѓу САД и нивните пријатели во Европа, во голема мера предизвикан од платформата „Америка на прво место“ што го тестираше трансатлантскиот сојуз.

Трамп и неговата сопруга Меланија стоеја меѓу другите лидери и членови на светските кралски семејства додека кардиналот Џовани Батиста Ре читаше проповед што се чинеше дека е на релациите со тензиите меѓу Трамп и покојниот папа, особено околу политиките на Белата куќа за миграција и неодамнешната извршна наредба за депортации.

„Градете мостови, а не ѕидови беше повик што го повторуваше многу пати“, рече Ре за време на својата проповед. „Неговите гестови и повици во корист на бегалците и раселените лица се безбројни. Неговото инсистирање да работи во име на сиромашните беше постојано.“

Во моменти, погребот изгледаше речиси скроен за да ги разбуди верниците на Мага. Последната група ожалостени кои му оддадоа почит на покојниот папа беа „сиромашните и маргинализираните луѓе“, вклучувајќи бездомници, затвореници, мигранти и трансродови лица, соопшти Ватикан.

И сепак, во еден редок момент на западна кохезија, преовладаа ладните глави и лидерот на Украина успеа да седне на виз-а-ви со претседателот на најважниот сојузник на земјата. Дали симболиката на самитот на Трамп и Зеленски во Ватикан ќе се преточи во политика, останува да се види.

Зачлени се на нашиот е-билтен