Промовирана новата кампања „Твоја патека, твоја иднина“: Моќна видео приказна за тоа како лично ја градиме пензиската сигурност 

КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, со поддршка од МАПАС, официјално ја промовираа новата едукативна кампања „Твоја патека, твоја иднина“, која е дел од платформата „Засади желба“ што се реализира веќе шеста година по ред. На почетокот на овогодишната кампања го имаме инспиративното видео, кое преку моќната визуелна метафора на искачувањето кон врвот на планината испраќа едноставна, но важна порака: иднината не се случува сама од себе, туку се гради со одлуките што ги носиме денес. 

„На 22 години никој не ти кажува дека патот веќе почнал.“ 

Со оваа реченица започнува приказната на главниот лик во видеото, кој го започнува своето искачување по планинската патека. На 30 години верува дека има време. На 45 години за првпат застанува, се врти назад и гледа колку веќе изградил. На 55 години го гледа врвот пред себе и почнува да се прашува што ќе остави зад себе. 

Конечно, на 64 години, тој стигнува до врвот. Веќе е во пензија, но погледот од врвот не е само поглед кон пејзажот. Тоа е поглед назад кон целиот пат, кон секоја избрана насока, секоја одлука и секоја крстосница што го довеле токму таму. 

Преку оваа емотивна приказна, „Засади желба“ потсетува дека размислувањето за пензијата не треба да започне во годините непосредно пред пензионирањето. Грижата за иднината се гради постепено, уште од почетокот на работниот век, преку информираност, долгорочно планирање и активен однос кон личните финансии. 

Особено важна е пораката за вториот пензиски столб, во кој дел од средствата за задолжително пензиско осигурување се евидентираат на индивидуална сметка на секој член и се инвестираат во согласност со утврдените правила. На тој начин, средствата се акумулираат во текот на работниот век и стануваат дел од личната пензиска заштеда. 

Времето во овој процес има особено значење. Колку порано почнеме да размислуваме за иднината, толку подолг е периодот во кој средствата можат да се акумулираат. Затоа секоја уплата, секоја информација и секоја одлука донесена денес се дел од патеката што ја градиме за утре. 

Каде води вашата патека? 

Погледнете го главното видео од кампањата и инспирирајте се: 

„Твоја патека, твоја иднина“ ја продолжува мисијата на „Засади желба“ да ја доближи темата за пензиското осигурување до граѓаните, особено до младите, и да отвори разговор за важноста од навремено размислување за пензиската сигурност. Одлуките што ги носиме денес стануваат дел од приказната што еден ден ќе ја погледнеме од врвот. Врвот можеби е далеку, но патеката до него започнува сега. 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229,www.mapas.mk 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?