Жена е убиена сред улица во центарот на Келкхајм, Германија, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако сведоци го совладале и го држеле додека не пристигнала полицијата, соопштија денес властите.
Според полицијата во Хесен, маж ја нападнал својата сопруга со нож синоќа на улица и ѝ нанел смртоносни повреди, а жената починала на самото место, пишува „Шпигел“.
Сведоците на нападот интервенирале и го задржале осомничениот до пристигнувањето на брзата помош и полицијата, кои потоа го уапсиле.
Мажот бил повреден за време на апсењето, според полицијата и обвинителството во Франкфурт.
Мотивот и околностите на злосторството сè уште не се познати.
Истражителите спровеле истрага и форензичка работа во текот на ноќта, а полицијата изјавила дека имало многу сведоци, бидејќи нападот се случил на прометна локација во близина на пазарот, каде што има неколку продавници и објекти.
На местото на злосторството имало и свештеници кои им пружиле поддршка на присутните, а полицијата истакнала дека сведочењето на таков настан е голем психолошки товар за очевидците.
Келкхајм, град со околу 28.000 жители, се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт на Мајна.
