Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новиот шеф на Светска банка Аџеј Банга: Од директор на Мастеркард до прв човек на глобалниот кредитор

Одборот на директори на Светска банка вчера го избра поранешниот извршен директор на Mastercard Аџеј Банга за претседател со петгодишен мандат, задолжувајќи го овој експерт за финансии и развој роден во Индија да го прилагоди светскиот кредитор и за темите како справување со климатските промени и другите глобални кризи.

Банга (63) беше номиниран за оваа функција од американскиот претседател Џо Бајден кон крајот на февруари беше единствениот кандидат да го замени директорот на Светска банка во заминување Дејвид Малпас, економист и поранешен функционер во американското Министерство за финансии, кој служеше во администрацијата на Трамп. Својата нова работа ја започнува на 2 јуни.

Изборот беше направен откако Банга во понеделникот четири часа беше интервјуиран од членовите на одборот на Светска банка. Последниот ден на неговиот претходник Малпас во банката ќе биде 1 јуни. Одлуката беше донесена со гласање на 24 членови на одборот, при што Русија беше воздржана, наместо вообичаениот процес заснован на консензус, изјави извор запознаен со процесот.

Бајден му честиташе на Банга за функцијата во Светската банка, која ја опиша како „една од најкритичните институции на човештвото за намалување на сиромаштијата и ширење на просперитетот низ светот“.

„Аџеј Банга ќе биде трансформативен лидер, кој ќе донесе експертиза, искуство и иновации на позицијата претседател на Светската банка“, рече Бајден.

Банката веќе позајмува стотици милијарди долари на земјите во развој, но работи на зголемување на кредитирањето за да им помогне да се справат со глобалните предизвици како што се климатските промени, конфликтите и подготовката за идни пандемии.

Светската банка ја води Американец од нејзиното основање на крајот на Втората светска војна, додека Меѓународниот монетарен фонд го води Европеец.

Банга, кој е роден во Индија и ја помина својата рана кариера таму, е државјанин на САД од 2007 година. Пред неговото назначување Банга се состана со претставници од 96 влади, велат изворите. Тој посети осум земји за време на тринеделната светска турнеја за да се сретне со владини претставници, бизнис лидери и групи на граѓанското општество, прелетувајќи вкупно 63.643 километри.

извор: Ројтерс

Треба да знаете
Moже да ве интересира