Руски православен свештеник е ослободен без обвинение од страна на властите во Чешка откако беше приведен кога полицијата пронајде мали контејнери со бел прав во неговиот автомобил.
Митрополитот Иларион, кој раководеше со надворешните односи на црквата од 2009 до 2022 година и кој доаѓаше во посета на Македонија во неколку наврати, негираше каква било поврзаност со предметите и ја обвини полицијата дека не ги следела соодветните процедури за време на претресот.
Во соопштение објавено на неговиот канал Телеграм во вторник, свештеникот – чие световно име е Григориј Алфеев – рече дека форензичката анализа потврдила дека супстанцата пронајдена во неговиот автомобил е забранета и дека истрагата продолжува.
Кратко пред неговото објавено ослободување, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало чешкиот вршител на должноста за да протестира против притворањето на свештеникот и да побара негово безусловно ослободување.
Според новинската агенција Интерфакс, Руската православна црква го разрешила Иларион од должноста поглавар на епархијата Будимпешта и Унгарија во 2024 година и му доделила пензија – што значи дека повеќе нема да држи релативно високи позиции во хиерархијата на Руската православна црква – откако бил обвинет за сексуално вознемирување и трошење на луксузни предмети.
Потоа бил распореден во црквата Свети Петар и Павле во Карлови Вари, во северозападниот дел на Чешка, како негово место на служба.
