„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување

Квентин Тарантино веќе не планира да го снима „Филмски критичар“, проект за којшто претходно изјавуваше дека би бил неговиот последен филм како режисер. Во средата е потврдено дека режисерот го ставил проектот во мирување.

„Филмски критичар“ би бил десетти долгометражен филм на Тарантино. Бред Пит беше избран за главната улога, а во една прилика Тарантино рече дека филмот сместен во 1977 година е за човек кој пишува сериозни критики за порносписание. Гласините говореа дека Пит ќе игра лик сличен на оној во „Си беше еднаш во Холивуд“.

Не се знае кој проект би можел да го избере за свој следен филм, но Тарантино навестуваше дека е заинтерисиран за нешто „понискобуџетно“ и за помала публика.

– Видете, можеби ќе дојдам до навистина голема идеја. Но, во овој миг, идејата за помала публика ми е привлечна „од сите страни“, изјави ексцентричниот режисер.

Во 2022 година, тој објави и своја замисла за ТВ-серија од осум епизоди, но и тоа никогаш не се помрдна од таа првична точка на замисла.

Треба да знаете
Moже да ве интересира